Дополнетиот предлог закон за енергетика на пленарна седница
Собранието денеска треба да одржи ја 48. седница, како и продолжение на 47. Дополнетиот предлог на закон за енергетика, во второ читање, е на дневен ред на 48. седница на која ќе се одлучува и за Предлогот за разрешување и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.
За предлог законот за енергетика во текот на комисиската расправа беа прифатени 61 амандман од пратеници од сите пратенички групи. Главни придобивки од законот, според Министерството за енергетика се либерализиран, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија, што ќе значи поголем избор и пофер цени за потрошувачите, како и воведување на паметни броила, што овозможува прецизно мерење на реалната потрошувачка на електрична енергија и увид на крајниот потрошувач во својата потрошувачка на електрична енергија на дневна основа. Исто така, поддршка за нови концепти како граѓански енергетски заедници и модели на активно управување со побарувачката, зголемена пазарна ликвидност и пристап до повеќе извори на снабдување за стопанството и подеднаква можност за инвестиции на сите и инфраструктурна стабилност, преку инвестиции во системи за складирање и дигитализација на системите.
За расправа пред пратениците се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање, на Законот за оружјето, по скратена постапка и на Законот за локалната самоуправа, во прво читање.
Меѓу точките на продолжението на 47. седница е Предлог одлуката за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио – телевизија, Предлог законот за изменување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, како и Предлог законот за дополнување на Законот за урбанистичко планирање, двата по скратена постапка.
Пратениците треба да расправаат и за предлог законите за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, на Законот за гробишта и погребални услуги, на Законот за урбанистичко планирање, на Законот за градење, на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на Законот за јавна чистота, на Законот за културата, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за заштита на личните податоци, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
