Донирани пумпи за измолзување мајчино млеко во поголемите раѓалишта

По повод Светската недела на доењето (1-7 август) компанијата Би-МЕК, ексклузивен застапник на Медела, светски лидер за производи за поддршка на мајките кои дојат, им донираше професионални болнички пумпи за измолзување на мајчиното млеко на сите поголеми раѓалишта низ Македонија.
- Пумпите за измолзување се од огромно значење за мајките во периодот по раѓањето за воспоставување на процесот на доење. Имајќи го предвид значењето на мајчиното млеко, како и клучната улога на доењето во развојот на новороденчето, располагањето со болничка пумпа за измолзување во раѓалиштата го олеснува и помага овој процес, изјави Тања Евросимовска, директор во Би-МЕК и додаде дека Би-МЕК како авторизиран претставник на Медела од 2005 година интензивно работи за поддршка на доењето со бројни проекти.
Посочи дека во 2011 година, одбележувајќи ја Светската недела на доење, донирале мали електрични пумпи за измолзување во повеќето раѓалишта низ Македонија, а годинава продолжуваат со уште поголема донација на професионални болнички пумпи низ поголемите раѓалишта и стојат на располагање и за останатите раѓалишта низ Македонија.
Покрај донацијата на медицински пумпи за измолзување, Би-МЕК е покровител на одбележување на Светската недела на доењето во Скопје Сити Мол со серија едукативни предавања и практични работилници за мајките пренесувајќи ја пораката надвор од здравствените институции во јавноста. Целта на ваквите активности е сите идни родители да ја разберат важноста на мајчиното млеко за новороденчето и неговиот натомошен развој од доењето и да дадат своја поддршка за мајката доилка.
За таа цел, со поддршка на Медела се отвори соба за доење во Скопје Сити Мол, каде сите мајки-доилки, во кое било време додека се во трговскиот центар ќе можат да го нахранат своето бебе во ова интимно катче на вториот кат.
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
