Донирана опрема за Интензивниот оддел на Детската клиника

Комплети за нормално дишење на новороденчињата, вакум аспиратор, сонда за пулсиксометар и апарат за фототерапија кај бебињата доби денеска Интензивниот оддел на Универзитетската клиника за детски болести.
Станува збор за последна донација во рамки на кампањата „Шанса за живот“ на компанијата „Окта“.
- Две години поминаа, а навистина направивме една таква акција и ја подигнавме општествената одговорност. Како директор на Клиника и како раководител на Одделот за интензивна нега и терапија ја почувствувавме потребата од дополнителната опрема со која на сите дечиња ќе им се даде шанса да бидат среќни покрај своите родители извадени од овие тешки ситуации, истакна директорот на Клиниката, Аспазија Софијанова и се заблагодари за донацијата.
Оваа кампања, посочи, ни даде можност да сфатиме колку сме силни како лекари, колку навистина нашата хумана работа дава нов живот, а шансите што ги дадовме благодарение на сето ова заедно уште повеќе не мотивира, знаејќи дека понекогаш сепак работите зависат од добрата волја и од нашето знаење.
- Ние тоа го споивме - нашето знаење и волјата на оваа компанија заедно со оние кои го организираа сето ова, додаде Софијанова.
Главниот извршен директор на „Окта“, Јанис Геруланос рече сакале да придонесат таму каде помошта била најпотребна.
- „Шанса за живот“ беше иницирана со цел да се подобрат условите во Одделот за интензивна нега на Клиниката за детски болести. Убедени сме дека иницијативата што решивме да ја преземеме навистина направи разлика. Добивме голема поддршка од граѓаните, компаниите и други организации, потенцира Геруланос и заблагодари на сите кои учествуваа и донираа во рамки на кампањата.
Ново на Сител
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
