Донесено дополнувањето на Законот за основање на Универзитетот „Дамјан Груев“
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 108 седница со 62 гласа „за“ и еден „против“ го донесе Законот за дополнување на Законот за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје.
Расправата по законот беше завршена на претходното продолжение на 108. седница така што пратениците само гласаа за него.
По гласањето, пратениците ја започнаа 110 седница, на која тие гласаа по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за градење, а исто така беа изгласани и измените и дополнувањата на Законот за органско земјоделско производство.
Со Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, како што појасни заменик министерот за труд и социјална политика се предлага усогласувањето на пензиите во 2016 година да изнесува 5%, со цел подобрување на социјалната положба на корисниците на пензија.
На дневен ред на 110 седница се и измените и дополнувањата на Законот за градење, по скратена постапка. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски истакна дека целта на Предлог - законот е поефикасно спроведување на постапките за дислокација на енергетски објекти поради изградба на патна и железничка инфраструктура и ставање во употреба на одредени градби од јавен интерес.
Собранието ќе ја продолжи 110. седница во 13:30 часот откако за законите по скратена постапка ќе заседаваат матичните комисии.
Ново на Сител
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО