Донесени измените на законите за пензиско осигурување и за градење
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на продолжението на 110. седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за градење, двата по скратена постапка.
Со Закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, се предлага усогласувањето на пензиите во 2016 година да изнесува 5%, со цел подобрување на социјалната положба на корисниците на пензија.
Измените и дополнувањата на Законот за градење, по скратена постапка предвидуваат поефикасно спроведување на постапките за дислокација на енергетски објекти поради изградба на патна и железничка инфраструктура и ставање во употреба на одредени градби од јавен интерес.
Според пратеничката Роза Топузова Каревска, со овој закон, како што кажа, на мала врата се суспендира членот 59-ѕ од Законот за градење, кој предвидува одредени норми што се многу важни.
Во членот 4 од измените и дополнувањата на Законот за градење се предвидува во членот 59-ѕ да се додаде нов став што ќе предвидува одредбите од ставовите 1, 2, 3, 4 и 5 на овој член, да не се применуваат за надградба на објекти за индивидуално домување изградени во опфат на кој согласно урбанистички план или урбанистичко-планска документација е предвидена изградба на објект од јавен интерес утврден со закон.
Ново на Сител
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина