-->
-->
Донесена годишната програма за справување со кучиња скитници во Делчево
-->

Делчевските советници ја усвоија годишната програма за решавање на проблемот со кучињата скитници. Како што информираше одговорното лице Винко Ангеловски кој пред советниците ја образложи програмата, таа е заснована на перманентна контрола на кучињата скитници што ќе бидат регистрирани на територијата на општина Делчево.
– Целта на оваа програма е да се донесат мерки со што ќе бидат лоцирани кучињата скитници, ќе бидат згрижени и транспортирани до предвидениот стационар што ќе се одреди со правното лице со кое ќе биде склучен договор. Потоа ќе биде предложен соодветен третман и истите ќе бидат обележани, вратени на истата локација и последната мерка доколку не се вдомат, за екстремно агресивните кучиња е предвидена еутаназија, вели Винко Ангеловски од надлежната служба при општина Делчево.
Додава дека договорот со ветеринарната станица „Здравје“ истекува за два месеци и затоа оваа мерка и годинава повторно е дел од планот за реализација за 2019 година.
Тендерското заловување на кучињата скитници би можело Општината да ја чини многу и затоа како што истакна градоначалникот Горан Трајковски за овој проблем, по истекот на договорот, ќе се бара алтернативно решение.
– Лани имавме договор и за секое заловено куче ако се оди по пазарни цени, сумите, доколку се оди на тендер, беа големи. Затоа се договоривме да се постапува согласно друга методологија што одговара на општинскиот буџет. На оваа проблематика работиме и во рамки на работата на Источно планскиот регион каде ги разгледуваме најбезболните варијанти за справување со овој проблем без притоа да биде оштетен буџетот на општините, истакна градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски.
Минатата година согласно Буџетот на општина Делчево, за справување со кучињата скитници беа предвидени 30 илајди денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
-

Мајкрософт развива алатка со вештачка интелигенција што може да поставува дијагнози како лекар
-

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели
