Донесен правилникот, се овозможува регистрација на возилата со странски таблички
Правилникот за поединечно одобрување на возилата, кој беше проблем за да се пререгистрираат возилата со странски таблички што се возат во земјава, е донесен и според најавите од министерот за економија Крешник Бектеши се очекува до денеска да биде објавен во Службен весник и да стапи во сила.
-Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата, изјави вчера министерот Бектеши.
Сега, Бирото за меторологија и другите институции како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение.
Согласно законското решение може да се регистрира возила кое е донесено во земјава до 1 октомври 2020 година, а давачките се намалени за 50 отсто.
Со законот е предвидено сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон, да влегле на територијата на Република Македонија до 1 октомври 2020 година.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола