Донаторска акција „Нахрани 10.000“
Храна за социјално загрозени граѓани ќе може да се донира денеска до 18 часот на 19 локации во Скопје, Велес, Битола, Штип, Кочани и Гевгелија, во рамките на националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“.
Целта на акцијата, што ја организира Асоцијацијата „Сите сити“, е да се соберат 10 тони храна наменета за 10.000 социјално загрозени граѓани.
Oд Асоцијацијата препорачуваат сите хумани граѓани да донираат храна што не е лесно расиплива, на пример: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, кокошкина супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Организациите што се членки на „Сите сити“, како што посочуваат од Асоцијацијата, водат евиденција за различни категории социјално загрозени граѓани, кои имаат потреба од оваа храна. Храната ќе се пренесува во вид на неделни/месечни пакети. Дел од храната граѓаните сами ќе ја подигнуваат, а дел ќе им биде однесена до нивните домови.
Според Државниот завод за статистика, во државава проблем да обезбедат храна имаат 445.099 луѓе и во просек имаат по еден оброк дневно, наведуваат од Асоцијацијата.
Ново на Сител
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност