Доналд Трамп им се заканува на републиканските конгресмени

Американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на републиканските конгресмени дека ако не гласаат за измена на делови од законот за здравствена заштита што го донесе неговиот претходник Барак Обама, ризикуваат да останат „трајно обележани“ како подржувачи на „Обамакеар“, што за нив би претставувало „катастрофа“.
Според американските медиуми, заканата била изречена на состанок на Трамп со републиканските конгресмени одржан зад затворена врата.
Станува збор за притисокот на претседателот Трамп во Конгресот да се усвојат измените на „Обамакеар“, што ги предложи новата администрација во форма на посебен Закон за здравствена заштита.
Првично, законот на Трамп требаше да биде усвоен вчера, за кога тоа го најави и самиот претседател, но усвојувањето беше одложено откако беа побарани нови корекции.
Одлагањето на гласање, медиумите во САД го оценуваат како „удар врз престижот“ на претседателот, особено што неговата Администрација, еднаш веќе го преработуваше текстот на предложениот закон, што е и причина за лутината на Белата куќа и заканите на Трамп.
Во текот на својата изборна кампања, Трамп остро го критикуваше „Обамакеар“ и најавуваше дека целосно ќе го отфрли ако стане претседател.
Но, откако влезе во Белата куќа, тој го смени своето мислење и се определи за измена на определени делови на законот, затоа што многумина републикански полутичари го предупредуваа дека може да се случи со укинувањето на „Обамакер“ без здравствена заштита да останат петанесетина милиони Американци.
Републикански конгресмени се уште имаат дилеми околу новата верзија на законот и сугерираат доработка,
За да се усвои новиот закон за здравствена заштита, потребно е за него да гласаат најмалку 215 членови на Претставничкиот дом, каде републиканците имаат мнозинтво. Но, ако најмалку 22 републикански сенатори и свртат грб на својата партија и гласаат против законот, заедно со демократите, тој нема да биде усвоиен.
Ново на Сител
-

ММФ предвидува Македонија до 2031 да биде седма најбрзорастечка економија во Европа
-

Инфантино: СП 2026 постигна неверојатен успех
-

СП 2026: Аргентина со чудесен пресврт го совлада Египет во осминафиналето
-

Али: Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“
-

Галузин: Балтичките држави си играат со оган поради акциите против Русија
-

Трамп од Анкара упати критика до НАТО и изрази разочарување од недостигот на поддршка за САД
-

Клековски: Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт
-

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
