Донација од Цементарница Усје за студентите по вајарство на ФЛУ
Цементарницата Усје и Факултетот за ликовни уметности денеска потпишаа договор за соработка со кој фабриката ќе донира материјали и опрема за редовната настава на студентите од Катедрата по вајарство. Скулптурите во лиен бетон кои ќе ги изработат студентите ќе бидат претставени на изложба на отворен простор идната година.
„Усје“ донираше цемент, песок, метални профили, гранулат во боја, арматура, стиропор и други видови материјали, како и алати - мешалки за бетон, брусалки за завршна обработка на бетонот и други алати за брусење кои се скапи и ФЛУ не може да ги обезбеди.
Главниот извршен директор на Усје, Борис Хрисафов, истакна дека со донацијата Усје, во годината кога прославува 60 години постоење, сака да ја помогне едукацијата и да ја поттикне креативноста на младите уметници кои ќе создадат скулптури во духот на урбаната култура.
- Со нашата донација тие ќе покажат сосема поинаква страна на користење на бетонот и на овој, во основа груб и тежок материјал, ќе му дадат нова вредност и уметничка порака, рече Хрисафов.
Раководителот на Катедрата по вајарство Исмет Рамиќевиќ рече дека донацијата ќе се вклопи во студиските програми во втора, трета и четврта година. Од квалитетот на понудените решенија ќе зависи и бројот на направени скулптури, се очекува да бидат девет.
- Студентите ќе треба да подготват проекти со кои ќе елаборираат нацрт-скица на идејно решение, макета, техничка изработка на скулптура и елаборат на простор каде што скулптурите ќе бидат поставени. Очекуваме да учествуваат поголем број студенти. Бетонот е интересен материјал за вајарите и овозможува слободно ликовно да се изразат. Отсекогаш бил користен, не е многу скап, а долго може да опстане во просторот, рече Рамиќевиќ.
Слична соработка ФЛУ има воспоставено и со компанијата Макстил. Продеканот за настава на ФЛУ Гоце Наневски рече дека донациите се ретки и дека оваа од Усје ќе биде пример и за другите компании со моќ да помагаат и да бидат општествено одговорни. - Многу малку од компаниите кои имаат моќ се општествено одговорни во областа на културата, рече Наневски.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите