-->
-->
Домувањето и неплатените комуналии најголем проблем за ромските семејства од Берово
-->
Невработеноста, инфраструктурата, домувањето и неплатени сметки за вода се најчестите проблеми со кои се соочува ромската популација во Берово. Ова се главните заклучоци од средбата која претставници од програмата Сонце ја имаа со градоначалникот на Општина Берово како и претставници на институциите од општината, Локалната акциска група и работната група формирана од ромската заедница.
На средбата која се одржа во општинската сала за состаноци, од страна на беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, беа посочени моменталните можности за решавање на дел од проблемите на ромското население при што дел од нив, како што рече, ќе бидат вметнати во буџетската проекција за 2019 година.
-Од претставниците на имплементаторите на програмата Ромактед кои се партнери на национално ниво, најавени се мерки со кои ќе се делува за подобрување на условите за живот на припадниците на Ромска националност. Цениме дека во иднина не само на хартија туку конкретно ќе се работи за подобрување на условите на оваа целна група, преку конкретни мерки со кои тие ќе бидат вклучени далеку повеќе во целокупното општествено делување, рече Пекевски.
Најголем акцент при решавањето на проблемите според здружението на граѓани "МалешНет" треба да се стави на подобрување на патната инфраструктура на улиците каде претежно живее ромско население кои се во многу лоша состојба и на кои им е потребна итна реконструкција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството
-
Земале мито, па изготвувале документација за наводни прегледи, контроли и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице
-
Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата, 68 лица се опфатени
-
Таравари: Ако не му требам на Мицкоски подготвен сум да одам во опозиција
-
Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство