Спорт плус
28. December 2019 - 17:28

Доминација на Парис на спустот во Бормио

 
 
На задоволство на домашната публика во Бормио, италијанскиот скијач Доминик Париз во два дена оствари две победи во спуст. 
 
По вчерашниот триумф, Париз и денеска беше најбрз на патеката во Бормио, овојпат оставајќи ги зад себе Швајцарците, Урс Криенбуехл за осум стотинки, односно Бит Феуц кој заостана 26 стотинки зад Италијанецот. 
 
Трката ја одбележа и 20 минутниот прекин поради падот на Австриецот, Рајхет кој заврши во заштитната мрежа, кој со хеликоптер беше префрлен во локалната болница каде е констатирана повреда на десното колено.