ДОМ: Ратификацијата и е потребна на Македонија, а иднината ќе ја одредат граѓаните

По долга и емотивна дискусија и анализа на текстот на Договорот со Грција, Централниот одбор на ДОМ одлучи да се поддржи неговата ратификација, зашто во овој миг и е потребна на Македонија, од три причини:
Прво, со ратификацијата Македонија ќе ги започне конечно преговорите со ЕУ и ќе го откочи процесот за прием во НАТО. Тоа се наши стратешки цели, неопходни за зачувување на нашиот територијален интегритет и на нашите млади генерации.
Второ, со овој договор престанува да важи претходниот договор од 1995, со кој бевме обврзани пред ОН да преговараме со Грција и да ја носиме понижувачката референца Поранешна југословенска република Македонија.
Трето, со овој договор Македонија ја извојува главната битка, која се водеше зад сцена и беше вистинската причина што досега не можевме да најдеме заеднички прифатливо решение. Тоа е битката за македонскиот идентитет, како македонски народ, со македонски јазик, култура, традиција и историја. Ова беше битка без преседан во светската политичка историја и битка која ја доби македонскиот народ, со своето гордо и достоинствено опстојување, со љубов кон својот јазик и својата земја. Таа битка ја водат со години и Македонците во Република Македонија и граѓаните на Република Македонија што си ја сакаат својата држава, но и Македонците ширум светот, кадешто судбината ги расфрлила.
Договорот е комплексен и комплициран, со многу деликатни моменти кои бараат дополнителни формулации и борби во текот на неговата имплементација. Ќе ни треба уште многу сила, мудрост и обединетост, за да влезе Македонија во мирни и безбедни води. Конечната иднина на земјата ќе ја одредат самите граѓани на референдум и тој глас ќе треба сите да го почитуваме.
Ново на Сител
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
