ДОМ: Ефикасна истрага и санкции во случајот „Јавна соба“

Зелената партија ДОМ изразува голема загриженост по пријавата на професорката за постоење на група „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм во која се споделувале експлицитни видеа и фотографии со порнографска содржина, најголем дел од малолетни девојчиња. ДОМ алармира за последиците од споделувањето на приватни информации во групата и апелира до надлежните да го спречат ефектот од споделените приватни информации како имиња, адреси на живеење и телефонски броеви од личностите на фотографиите и видеата.
Зелената партија ДОМ ја поздравува пријавата од професорката за постоењето на ваква група, ова треба само да биде пример кон сите професори, родители и граѓани дека доколку имаат било какви сознанија треба навремено да се алармира за вакви појави. ДОМ ја поздравува и брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство со апел за брза разрешница со санкционирање на одговорните.
ДОМ во својата програма ја нагласува потребата од Сеопфатно сексуално образование во училиштата како редовен предмет. Со спроведувањето на Сеопфатното сексуално образование во голем дел ќе се добие превенција и заштита од вакви активности кои го нарушуваат физичкото и менталното здравје на младите.
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
