Мицкоски тврди дека го набљудуваат специјалци од МВР, очекува и апсење

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување на Алфа ТВ рече дека очекува следно сценарио, како што рече, да биде неговото апсење. Говорејќи за последната полициска акција во која беа уапсени десетина лица, меѓу кои и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека веќе има план во случај на негово апсење.
-Мислам дека во тие сценарија ќе биде некој план за приведување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на лидерот на опозицијата и другите блиски соработници околу него. Ја користам приликата да апелирам до граѓаните и оние во раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе останат, да продолжат да се борат да не носат одлуки под емоција – рече Мицкоски.
Тој тврди дека е предмет на следење од страна на полициски службеници во Министерството за внатрешни работи.
-Имам јасен план во таков случај, свесен сум дека може до тоа да дојде, сум разговарал со луѓе од моето семејство дека со Заев и луѓето околу него се може да се очекува. Па и тоа да дојдат да ме приведат, ова е апел до луѓето кои се врткараат од специјална единица од МВР околу мојата куќа со изговор дека го набљудуваат училишниот двор во близина на мојот дом. Знам која е целта на оваа деспотска власт – рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим кон градските гробишта поради Задушница
-

Шасивари: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот мора да се одземе
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
