-->
-->
ДОМ: Честитки за ОМД за добивање нови пријатели на Македонија
-->

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) упати честитки за Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за добивањето нови пријатели на Македонија, односно тројца нови членови на групата во американскиот Конгрес, која достигна 27 члена.
- Со ова ОМД уште еднаш покажа како се работи за својата матична земја, со љубов и посветеност, но и со професионализам и пристојно однесување, кое во светот се цени, се наведува во соопштението на ДОМ.
ДОМ оценува дека граѓаните на Република Македонија треба да и оддадат почит на ОМД за, како што велат, достоинственото претставување на земјата со одмерени и коректни ставови, како и со пригоден речник на образовани и цивилизирани луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
