Должината на вашата дланка открива интересни работи за вашиот карактер
Должината на вашата дланка во однос на должината на раката може да открие неколку занимливости за вашиот карактер, како и за вашите таленти и склоности. Ставете ја левата дланка на подлактницата така што палецот да биде покрај лакотот, а средниот прст раширете го што повеќе во обид да ја допрете десната дланка. Ако средниот прст успее да дојде до вашиот зглоб, тоа значи дека имате големи дланки, но доколку е обратно и тој прст не достигнува до зглобот, тогаш вашите дланки се мали.
Долги дланки
Луѓето со долги дланки се перфекционисти и често се добро концентрирани на малите детали. Ако сте тој тип, тогаш мора да бидете свесни дека перфекционизмот исцрпува и тоа би можело да го почувствувате и на некој аспект од вашиот живот. За вас се знае дека сте добар работник чија цел му е сѐ да сработи како што треба.
Дури и кога имате рок во кој морате нешто да направите, попрво ќе го забрзате темпото на работа и ќе се откажете од паузите, отколку квалитетот на она што го правите да биде ставен во прашање.
Многу сте чувствителни на критиките, импулсивни сте и често знаете да претерате, но вие сте свесни за сето тоа. Добро се сложувате со другите луѓе, дури понекогаш до таа мера што се занемарувате себеси.
Кратки дланки
Луѓето со мали дланки имаат слободен дух и не можат да ја дочекаат следната авантура. Сакаат да ризикуваат, па дури и многу уживаат во тоа. Ако сте човек со такви дланки, тогаш мора да знаете дека сте многу способни во решавањето на проблемите.
Во состојба сте да ги решите и оние најтешките и најкомплицираните проблеми, од кои другите брзо се откажуваат, бидејќи сметаат дека не постои решение. Драмата во животот ви е движечка сила, па често можете да се најдете и во односи во кои има многу драма, подеми и падови, силни емоции…
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот