-->
-->
Долгогодишен месар советува: Внимавајте, дел од меленото месо кое се продава не би требало да го купувате
-->
На социјалните мрежи се шири текст за лошото мелено месо кое наводно може да се најде во продажба.Текстот наводно го напишал месар кој има 11-годишно искуство.
Ако може да му се верува на овој месар, дел од меленото месо кое се продава не би требало да го купувате.
– Фаширано месо – ВНИМАНИЕ!!! Јас сум месар 11 години, и со сигурност можам да кажам дека дел од месото кое го јадеме е рамно со леш од некое животно, кое со денови стои на пат. Знаев да направам така убаво мелено месо од месо старо еден месец, а се` благодарение на ладна вода, сол, шеќер и винобран… Затоа луѓе, ако месото е многу ситно фаширано, ако од надворешните страни е румено, а внатре темно и ако се прави пена кога го динстате, верувјате ми дека месото третирано на начин кој ви го кажав. Солта и ладната вода ја влечат смрдеата, шеќерот ја враќа бојата, а винобранот ја враќа свежината. Внимавајте што купувате и јадете… – напишал наводниот месар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
