Документарниот филм „STUDaNTS“ на Тамара Котевска награден во Тирана
Документарниот филм „STUDaNTS“ на Тамара Котевска, која дипломираше на Катедрата за филмска и ТВ-режија во класата на проф. Антонио Митриќески, ја доби наградата „Бест Балкан филм“ во официјална конкуренција на Интернационалниот фестивал за документарен филм во Тирана.
Филмот е дипломски филм во продукција на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје, сценариото и режијата се на Тамара Котевска, монтажата е на Сандра Ѓоргиева и Андреј Ристески, извршен продуцент е Ирина Лазарова.
- Тамара Котевска го има снимано филмот како студент, во текот на програмата Work & Travel во Масачусец, САД, во кој протагонисти се уште и Марија Гелмановска и Ирина Цонеска. Филмот „ STUDaNTS “ го компарира животот на студентите кои преку Work & Travel програмата одат во САД и мравките кои мигрираат во поголемо гнездо, а оваа компарација е доловена преку автентична нарација преземена од 10-ина документарци за мравки и преиграна со гласот на Мартин Манев, информира ФДУ.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот