Документарен филм за поетот и академик Радован Павловски

Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе промовира документарен филм - портрет за поетот и академик Радован Павловски.
Филмот е насловен „Од Река до вечноста“ по сценарио на Лидија Мешкова, режија на Љупчо Стојановски и во продукција на Културно-уметничката програма на Македонската телевизија.
На промоцијата на филмот во ДПМ ќе зборува д-р Иван Џепароски, а на присутните ќе им се обрати и поетот Радован Павловски.
Неодамна Друштвото на писателите на Македонија ја одбележа 80-годишнината од раѓањето на Павловски.
- Неговиот богати опус, во кој влегуваат и култните книги „Суша, свадба и селидби“, „Корабија“, „Високо пладне“, „Зрна“, „Молњи“ и „Клучеви“, остави силен печат во развојните процеси на современата македонска литература, наведува ДПМ.
За естетските дострели во својата поезија Павловски е носител на високи книжевни признанија во земјата и во светот. Автор е на поетските манифести „Епското на гласање“ (1960) и „Манифест на Поетска Република Железна Река“.
Ново на Сител
-

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор
-

ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор
-

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража
-

Научно-стручна расправа за Предлог-законот за помилување
-

Орбан ѝ се закани на Украина со прекин на електричната енергија поради блокадата на руска нафта по нафтоводот „Дружба“
-

Иран не бара војна, но ветува одговор на каков било напад од САД
-

Мерц повторно се кандидира за претседател на германската централно-десничарска ЦДУ
