Документарен филм за поетот и академик Радован Павловски
Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе промовира документарен филм - портрет за поетот и академик Радован Павловски.
Филмот е насловен „Од Река до вечноста“ по сценарио на Лидија Мешкова, режија на Љупчо Стојановски и во продукција на Културно-уметничката програма на Македонската телевизија.
На промоцијата на филмот во ДПМ ќе зборува д-р Иван Џепароски, а на присутните ќе им се обрати и поетот Радован Павловски.
Неодамна Друштвото на писателите на Македонија ја одбележа 80-годишнината од раѓањето на Павловски.
- Неговиот богати опус, во кој влегуваат и култните книги „Суша, свадба и селидби“, „Корабија“, „Високо пладне“, „Зрна“, „Молњи“ и „Клучеви“, остави силен печат во развојните процеси на современата македонска литература, наведува ДПМ.
За естетските дострели во својата поезија Павловски е носител на високи книжевни признанија во земјата и во светот. Автор е на поетските манифести „Епското на гласање“ (1960) и „Манифест на Поетска Република Железна Река“.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“