Документ на Викиликс за ставови на Глигоров по средба со американскиот амбасадор Рикер

Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рекер,испратил извештај од 5 ноември 2008 година, насловен како „Македонија: Поранешниот претседател Глигоров повика на храбра лидерство и решение за името", објави Викиликс.
Во него, Глигоров наведува дека е за компромис за прашањето за името, но „црвената линија" е да се обезбеди дека јазикот и идентитетот да се нарекуваат „македонски".
Тоа е обезбедено десет години подоцна со Преспанскиот договор.
Во извештајот на Рикер, според Викиликс, се вели дека Глигоров изразил разочараност поради недостигот на храбро политичко водство на актуелната влада, недостаток што тој го смета за основен за затворање на договорот за името.
Тој смета дека со ефикасно раководство Македонците можат да прифатат компромис за името, нагласувајќи дека црвените линии се само епитет што ќе го опише јазикот и идентитетот, нагласува Рикер во извештајот.
„Глигоров, исто така, рече дека Македонија мора да сфати дека не е центар на политичкиот универзум за САД, ЕУ и НАТО и мора да ги препознае границите на волјата на другите држави и организации за решавање на проблемите на земјата“.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
