-->
-->
Докторот им ја затвори устата на хејтерите: Трамп е здрав како дрен, но има еден голем проблем
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/january/njljfnjegerhrth-160933.jpg?itok=tSN3uL1Z)
"Немам загриженост во врска со неговата когнитивна способност или невролошките функции", изјави докторот Рони Џексон .
Минатата недела, Трамп беше подложен на тричасовно испитување на првиот медицински преглед откако стана претседател на САД.
Трамп се подвргна на преглед по објавувањето на контроверзна книга што поттикна шпекулации за менталното здравје на претседателот.
Во изјавата за новинарите, д-р Џексон рече дека целокупното здравје на претседателот е "одлично".
"Тој продолжува да ги ужива значајните долгорочни кардиолошки и целокупни здравствени придобивки кои доаѓаат од животот во кој не се употребува тутун и алкохол".
Сепак, д-р Џексон додаде дека на Трамп единствен голем пробелм му е што јаде мрсна храна и не вежба.
Во петокот, Трамп го испитуваа воени лекари во медицинскиот центар "Волтер Рид" во Бетесда, Мериленд, по што резултатите биле "исклучително добри".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години