Доктори отстранија граната од главата на војник
Колумбиски воени лекари успешно извадија боева граната, која при истрел сосема случајно се заглавила во главата на некој војник, јави ДПА.
Според локалниот весник „Тиемпо", инцидентот се случил за време на патрола во источниот департмент Араука, при несакана стрелба со минофрлач, кога гранатата паднала врз главата на (не)среќниот војник.
Надлежните одлучиле дека превозот со хеликоптер претставува преголем ризик, и затоа тој бил пренесен со брза помош во воена болница во Богота, главниот град на Колумбија. Патувањето траело осум часа.
Лекарите направиле импровизиран простор на паркингот од болницата за извршување на операцијата, поради опасноста гранатата да експлодира. На крајот таа сепак била успешно отстранета.
- Пет минути беа решавачки. Ако гранатата експлодираше, тоа ќе беше трагедија, рече хирургот Вилијам Санчез Малдонадо.
Состојбата на војникот е стабилна, иако сепак, му претстојат уште најмногу четири операции врз неговото лице.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови