Доктор од кумановската болница го претепал својот колега
Утринава се случила вистинска драма во кумановската болница. Нападнат бил докторот Шукри Фазлиу од страна на неговиот колега. Тој вели дека бил нападнат физички и вербално навредуван од неговиот колега Илбер Исуфи затоа што не одговорил на неговиот телефонски повик, објави Алсат.
„Во 8:15 часот мојот колега дојде од дома. Бев на должност во мојата канцеларија, тој ја отвори вратата со нога, ја тресна силно и влезе во мојата канцеларија. Ме фати за врат, му реков, колега што е работата, што направив?! Ми рече – ти се јавив и не ми одговори. Му реков дека нема да одговорам, јас сум на службена должност и се грижам за пациентите во одделот. Бев во опасност. Избегав од мојата канцеларија имав отворен прозорец. Колегите не треба да се плашат од колегите, ова е без коментар, немам коментар за вакво однесување од колегата“, изјави Шукри Фазлиу, доктор.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор