-->
-->
Доказ дека тие се нашите најверни пријатели - Куче 8 месеци чека на местото каде починал неговиот сопственик
-->
Ова е верност: Куче 8 месеци чека на местото каде починал неговиот сопственик
Ова куче е доказ дека тие се навистина нашите најверни и најпосветени пријатели.
Откако неговиот сопственик починал пред 8 месеци во болницата „Ruth Cardoso“ во Санта Катарина, Бразил, Негао сè уште верно го чека пред зградата да се врати.
Сопственикот на Негао бил бездомник кој бил одведен во болницата откако добил инфекција, која за жал, подоцна се покажала како фатална.
Негао трчал покрај амбулантното возило до болницата каде бил одведен неговиот сопственик и таму останал.
Но, не постоел начин Негао да сфати дека неговиот сопственик повеќе не е на овој свет, па со месеци останал пред зградата да го чека својот сопственик.
Вработените на болницата велат дека две семејства се обиделе да го посвојат Негао, но тој бегал и повторно се враќал пред болницата.
Сега, тој продолжува да седи таму, а вработените од болницата да се грижат за него.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Навивач нокаутира голман на Охрид
-
Ѓорѓиевски: Средствата од Владата за општините ќе решат децениски проблеми
-
Кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“
-
Почина пешак во сообраќајна несреќа во Демир Хисар
-
Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи - внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот пат
-
Поднесена кривична пријава за градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на 79. Генерално собрание на ОН
-
Поднесена кривична пријава за градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување