Дојран се наполни со туристи за Илинден

Десетина илјади туристи од земјава и од околните држави, претежно од Србија и Грција, денеска го наполнија Дојран како што доликува за главна туристичка сезона.
Туристите дојдоа со месното население да го прослават заштитникот на Дојран, свети Илија, да се забавуваат на уредените плажи и да го проследат концертот на Јордан Митев кој се одржа денеска точно на пладне во рамки на културната манифестација „Дојрански ракувања“.
- По денешниот ден дојранци се надеваат на вистинска туристичка сезона, со поголем број туристи од земјава и на бериќетен август од причина што досега според посетеноста на плажите тоа не се чувствуваше, најверојатно поради непрепознатливото лето и нестабилните временски прилики, изјави градоначалникот на Дојран Анго Ангов.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
