Дојран атрактивен за туристи годинава

Покрај рекордното ниво на водата во езерото, Дојран годинава ги исполнува сите услови за рекордна туристичка сезона. Во последните дваесетина, па и повеќе години, никогаш Дојран не бил попосетен кон крајот на јуни како годинава, од причина што секогаш најфреквентен за туристите бил во август како месец резервиран за шпицот на туристичката сезона.
Силивија Ристиќ од Туристичкото биро во Дојран денеска за МИА изјави дека моментно во приватниот сектор во Дојран се сместени околу 4.000 гости од кои поголемиот дел се од Србија.
- Капацитетот на леглата кои се регистрирани и категоризирани во приватниот сектор изнесува 12.000 што значи дека за сега ги задоволуваат барањата на гостите кои се многу побројни во деновите од викендот. Денеска и утре на пример на дојранското крајбрежје ќе има од 8 до 10 илјади гости кои со автомобили и автобуси се слеваат кон Дојран најмногу од југоисточниот и источниот регион на Македонија, рече Ристиќ.
Годинава Дојран е град на културата поради што градоначалникот Борче Стамов смета дека голем број гости ќе привлечат многуте културни, уметнички и забавни настани.
- Во рамки на манифестацијата „Дојран, град на културата“ предвидена е богата културно-забавна програма со околу стотина различни настани меѓу кои концерти на домашни и странски ѕвезди, театарски претстави, изложби, ликовни колонии и фестивали кои исто така ќе бидат магнет за зголемена посетеност на Дојран, рече Стамов.
Дојранчани годинава очекуваат да го надминат ланскиот рекорд кога беа реализирани преку 200.000 ноќевања во текот на летната сезона.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
-

Франција: Речиси 70.000 смртни случаи поради тутун, голем товар за јавното здравје
-

ЕП ја оневозможи вештачката интелигенција на таблетите на пратениците поради безбедност
-

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор од Прилеп
-

ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
-

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек
-

Полицајци спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа
-

За една седмица „Безбеден град“ констатирал 4490 сообраќајни прекршоци, за 10% помалку од предходната седмица
