Дојавите за бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади, смета Ковачевски
– Дојавите за поставени бомби во училиштата се дел од стратегијата за хибридни напади, смета премиерот Димитар Ковачевски.
– При таквите дојави МВР мора да интервенира бидејќи се работи за училишта. Не случајно таргет им се училиштата бидејќи луѓето се најосетливи кога станува збор за училиштата каде учат деца. Секторот за електронски криминал ги испитува сите можни податоци за да се дознае од каде доаѓаат тие лажни дојави. Се надевам дека оние кои го прават ова, ќе сфатат дека Европа треба да живее во мир, а не во страв и неизвесност, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.
Тој потсети дека во изминатиот период неколку државни институции беа цел на хакерски напади и дека и регионот не е изоставен од ваквите хибридни напади.
Изминатиот период имаше дојави за поставени бомби во училишта во Скопје кои по извршените проверки беше утврдено дека се лажни. Денеска до Секторот за внатрешни работи има нови пријави за експлозивни направи во четири скопски училишта. Како што информираа од МВР, училиштата се безбедно евакуирани и во тек се антитерористички проверки.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“