„Доилката“, нов роман на Лилјана Пандева
„Доилката“, новиот роман на македонската писателка Лилјана Пандева утре ќе биде промовиран во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
За делото ќе зборуваат професорите Кристина Николовска и Ермис Лафазановски.
Романот е во издание на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.
- Во романот се раскажува една вонвременска љубовна приказна сместена во историски рамки, која ни открива непознати детали од македонската историја (40 денови од потрагата по кралот Пребонд). Тоа е возбудлива книга, полнокрвна, поетична, со прозрачни лирски пасажи, јазично слоевита и со нагласена драмска тензија, која длабоко нурнува во просторите на писателовата имагинација. Со романот „Доилката“, кој слободно може да се нарече химна на љубовта и страста, Пандева веќе е врвот на македонското раскажувачко мајсторство, вели издавачот.
Според Лафазановски, историските факти за последните денови од животот на Пребонд, кралот на средновековната држава Македонска Славинија и послужиле на Лилјана Пандева како подлога за градење една величествена љубовна приказна полна со напнати страсти, еротски набој и прекрасни наративни пејзажи.
Кристина Николовска смета дека се работи за вонсериски роман, за морничава и нежна вонвременска приказна за љубовта.
Ново на Сител
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година