Договорот за добрососедство со Македонија доставен на ратификација во бугарското Собрание
Владата на Бугарија денеска и формално го достави на ратификација во бугарското Народно собрание Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија што беше потпишан на 1 август во Скопје од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Босисов.
Како што се наведува во соопштението од прес-службата на бугарската Влада, ратификацијата на документот е израз на желбите на Бугарија да изгради добрососедски односи врз основа на европските вредности.
Договорот, се наведува, ќе даде видливи резултати во однос на проширувањето на транспортните врски и комуникации меѓу двете држави, учество и обезбедување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, како и олеснување на комуникацијата меѓу луѓето на двете земји.
Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија формално ќе стапи во сила кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји. Со него се предвидува унапредување на севкупната соработка, а меѓу другото и формирање комисија за историско-образовни прашања на паритетна основа која треба да придонесе за објективно и засновано на докази научно толкување на историските настани поврзани со двете земји.
Бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева, како што објави МИА, најави дека се очекува Договорот за добрососедство да биде ратификуван во Собранието на Бугарија до крајот на неделава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата