Македонија
4. November 2015 - 8:42

Договор за адаптација на наставните програми од Кембриџ

Министерството за образование и наука, Меѓународниот центар за наставни програми - Кембриџ и Бирото за развој на образованието ќе потпишат договор за соработка за адаптација на наставните програми по математика и предмети од природните науки за учениците од седмо до деветто одделение, изработени од Кембриџ. 

Договорот во просториите на МОН ќе го потшишат министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, директорот на Меѓународниот центар за наставни програми - Кембриџ, Мајкл О’Саливан, и директорката на Бирото за развој на образованието на РМ Весна Хорватовиќ.