Додик: Средбата со Путин беше полна со разбирање и отвореност
– Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург била „полна со разбирање и отвореност“.
Додик доцна синоќа се сретна со Путин на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
По средбата, Додик за РТРС изјави дека се разговарало за неколку теми, пред се политички, како што е улогата на Русија како гарант на Дејтонскиот договор. Тој посочи дека го информирал Путин за тоа дека Кристијан Шмит „се претставува како висок претставник во БиХ, иако за тоа нема одлука на Советот за безбедност на ОН“.
Додик рече дека се разговарало и за важни инфраструктурни прашања и дека е потврдена одлуката за изградба на гасовод во Српска и две електрани, едната во близина на Приједор, а другата во близина на Бања Лука.
Тој изјави дека го информирал рускиот претседател за воведувањето санкции за луѓето од РС, вклучувајќи го и него. Како што наведе, Путин го поканил на нова средба во септември, на која ќе се разговара за реализација на проектот. – Русија останува значаен фактор за одлучување во Советот за безбедност на ОН, посочи Додик.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава