Додик: Србија и Република Српска се едно, границата е формалност
Србија и Република Српска се едно и затоа воопшто не е важно каде ќе биде повлечена формалната граница, изјави претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Милорад Додик.
- Во нашата потсвест ние не ја признаваме границата, иако таа формално гледано постои во меѓународно-правна смисла, изјави Додик на собир во Невесиње.
Изјавата на Додик следи по најавата на Белград дека до крајот на годината ќе биде утврдена границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина, која во основа е граница на Република Српска.
Додик нагласи дека границата меѓу БиХ и Србија треба да се корегира со тоа што кон српската територија ќе се припојат делови кои се витални за функционирање на сообраќајната инфраструктура на земјата, алудирајќи на делот од пругата Белград-Бар, што кај Штрепце влегува на босанска територија.
- Ние сме подготвени да го сторме тоа, Тука нема што да прават овие од Сараево. Ако ние во Република Српска го прифатиме тоа, тие треба да го ратификуваат, нагласи Додик.
Ново на Сител
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск
-
Протести низ Европа против Трамп