Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека „Соединетите Американски Држави не ги бирале функционерите на Република Српска, па затоа нема ни да ги менуваат“.
„САД мислат дека на тој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив“, рече Додик, реагирајќи на одлуката на САД да стават четворица претставници на РС на „црната листа“.
Додик го нарече „непотребно“ воведувањето американски санкции за српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, премиерот на РС Радован Вишковиќ, претседателот на Националното собрание Ненад Стевандиќ и министерот за правда на РС, Милош Букејловиќ.
„Санкциите ја покажуваат и немоќта на една голема глобална сила како што се САД. Без разлика на се, тие сакаат да ја санкционираат оваа нација, бидејќи ние сме претставници на народот. Тие сакаат да не сменат, да дојде некој што ќе молчи, ќе клима со глава и ќе одобрува“, рече Додик.
Како што пренесе Радио-телевизија РС (РТРС), тој вели дека Република Српска нема да се откаже од својата политика и дека „не се загрижени за овие санкции“.
САД воведоа санкции за Цвијановиќ, Вишковиќ, Букејловиќ и Стевандиќ, бидејќи, како што е соопштено, „овие политичари се директно одговорни за поттикнување на донесување закон во Народното собрание на РС, со кој се одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина се прогласуваат за неприменливи во РС, а со тоа се попречува и загрозува спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор“.
САД досега два пати го ставија Додик на својата „црна листа“.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија