Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик изјави дека Русија сака да гради гасовод и да биде присутна во Република Српска.

Додик, кој вчера во Белград разговараше со рускиот премиер Дмитриј Медведев, рече дека Русите имаат интерес своите енергенти да ги дистрибуираат низ целиот свет.

– Во тој поглед нивниот интерес е јасен. Тие сакаат да градат гасовод и да бидат присутни на овој простор, изјави Додик за Радио-телевизија на Република Српска.

Тој вели дека на некои тоа не им одговара и дека Американците сакаат да се продава гас кој се компресира од Америка.

– Ние треба да избереме тоа што е најевтино и за нас долгорочно посигурно, рече Додик.