Додик: Продлабочена кризата во БиХ со се поголемиот прилив на мигранти
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави синоќа дека БиХ е во „перманентна криза на системот на одлучување и надлежност“.
Во изјава за РТРС Додик укажа и на проблемот со мигрантите со кој се соочува земјата и потенцираше дека на тероторија на Република Српска нема да биде стациониран ниту еден прифатен центар.
- Имаме суштински проблем, а тоа е што границата е одземена од ентитетите. Ентитетите немаат можност да управуваат со границата, а потоа од заедничкото ниво велат - ние сме надлежни. Ако сте надлежни, што ни ги сервирате тие проблеми, зошто не ја обезбедите границата, зошто не го запрете влезот на мигранти во БиХ, рече Додик.
Тој оцени дека и пораката на лидерот на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ на собирот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Сараево е „јасен знак за добредојде за бегалците од Блискиот исток“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега
-
Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас
-
Сончево и топло, до 39 степени
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути