-->
-->
Додик: Не повикувам на војна, но има разговори за сецесија
-->
Српскиот член на Претседателсвото на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска изјави дека не повикува на војна, судири и сецесија на Република Српска, но оти има разговори за тоа.
– Тешките вербални судири нема да го загрозат мирот. Ниту во една своја изјава никогаш не повикав на вооружен судир. Не повикуваме на судири, сецесија нема во документите на РС, но за тоа секако се разговара, посочи Додик.
Тој додаде дека негова цел е да се вратат надлежностите на РС, БиХ да се врати на Дејтонскиот договор.
– БиХ е пропадната држава, која може да преживее единствено ако се врати на изворниот Дејтон, во кој ќе бидат два рамноправни ентитети и три конститутивни народи, истакна Додик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција