Доделени сертификати на инженери и архитекти за згради со енергија близу нула
Околу 30 дипломирани инженери и архитекти денеска добија сертификат за завршен тренинг курс за Згради со енергија близу до нула – NZEB. Учесниците на курсот стекнаа вештини во подрачјетото енергетска ефикасност и интегрирање на обновливи извори на енергија во реновирање на постојни згради.
Тренинг курсот го организира „Форумот за енергетски професионални вештини (MEnS)“ за да се забрза прилагодувањето на ревидираната Директива на ЕУ за енергетските перформанси во зградите (EPBD). Со неа е предвидена обврска сите јавни згради кои ќе бидат изградени по 2018 и сите згради кои ќе бидат изградени по 31 јануари 2020 да го исполнат стандардот EPBD NZEB.
Целта на проектот МENS, како дел од европската програма ХОРИЗОНТ 2020, е подигнување на свеста кај инженерите-проектанти за ефикасна потрошувачка на енергија, како и поттикнување примена на економски исплатливи, енергетски ефикасни технологии, материјали и услуги, со што директно се влијае на намалување на потрошувачата на енергија и на емисијата на стакленички гасови.
Вонредниот професор од Архитектонскиот факултет во Скопје, Ана Тромбева-Гаврилоска на доделувањето на сертификатите потенцира дека кај луѓето сè повеќе расте свеста за опасностите од зголеменото загревање на атмосферата и загадувањето на животната средина како последица на прогресивниот раст на потрошувачката на енергија, воглавно добиена од фосилните горива.
- Воведувањето на енергетското сертифицирање на зградите во македонското законодавство и поделбата на зградите во различни енергетски класи, зависно од нивната годишна потрошувачка на топлинска енергија за греење, носи низа клучни промени во архитектурата и градежништвото. Тие имаат важна улога за подигнување на стандардите во процесот на проектирање и градба на згради, како и во постапката на осмислување современ енергетски концепт на новите згради, што би довело до намалување на енергетската потрошувачка во секторот градежништво, кој е воедно и најголем поединечен потрошувач на енергија, рече Тромбева - Гаврилоска.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?