Доделени решенија за распоредување на 228 полициски службеници
Во полициската станица од општа надлежност „Кисела Вода“ денеска беа доделени нови решенија за распоредување на 228 полициски службеници, кои досега беа распоредени на работни места на подрачјето на СВР Скопје, односно надвор од нивното место на живеење.
Решенија ги врачија министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, кои остварија и средба со раководството на СВР Скопје.
Полициските службеници отсега ќе имаат можност своето знаење и стекнато искуство да го применат на новите работни позиции кои се лоцирани во нивното место на живеење.
- Овие решенија се донесени согласно основните приоритети утврдени во Стратегијата за управување со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи, а со цел зајакнување на персоналните капацитети во регионалните Сектори за внатрешни работи, како и со цел запазување на економско-социјалниот аспект од живеењето на посочените полицајци, се наведува во соопштението од МВР.
Оттаму истакнуваат дека ќе продолжат со заложбите за јакнење на капацитетите на безбедносниот систем на Македонија, без разлика на предизвиците и ризиците со кои секојдневно се соочува.
Ново на Сител
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари