-->
-->
Доделени наградите за најубаво новогодишно украсување во Гази Баба
-->

Во пресрет на новогодишните и божикните празници општина Гази Баба и годинава избираше најубаво новогодишно декорирани дворови, балкони, деловен објект, училишта и градинки.
Најубаво украсен објект од градинката „Детска Радост“ е „Сончоглед“, а од градинката „25 Мај“ е „Сонце“. Најубаво украсено основно училиште е „Григор Прличев“ од населбата Железара.
За најубаво украсена тераса наградена е Сузана Тулева Пауновска од населбата Автокоманда, најубаво украсен двор имаат Анастасија и Ивица Павловски од Ченто, а најубаво украсен стопански субјект е на „Опрема Градинг“.
Општина Гази Баба информира дека комисија составена од администрацијата ги посетила сите пријавени. Општината обезбедила награди, кои ги додели градоначалникот Тони Трајковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен водач на навивачка група од Тетово, учествувал во тепачка и оштетил возило
-

Се бара куќен притвор за судијата со заѕидани 350.000 евра
-

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител
-

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
-

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар
-

Д-р Мицевска: На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба
-

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса
-

Продолжи судењето за убиството на турски државјанин во кафуле во Штип
