Македонија
24. December 2015 - 14:10

Доделени наградите за најубаво новогодишно украсување во Гази Баба

Во пресрет на новогодишните и божикните празници општина Гази Баба и годинава избираше најубаво новогодишно декорирани дворови, балкони, деловен објект, училишта и градинки.

Најубаво украсен објект од градинката „Детска Радост“ е „Сончоглед“, а од градинката „25 Мај“ е „Сонце“. Најубаво украсено основно училиште е „Григор Прличев“ од населбата Железара. 

За најубаво украсена тераса наградена е Сузана Тулева Пауновска од населбата Автокоманда, најубаво украсен двор имаат Анастасија и Ивица Павловски од Ченто, а најубаво украсен стопански субјект  е на „Опрема Градинг“.

Општина Гази Баба информира дека комисија составена од администрацијата ги посетила сите пријавени. Општината обезбедила награди, кои ги додели градоначалникот Тони Трајковски.