Доделени наградите за најдобрите просветни работници во Делчево
По повод Светскиот ден на учителите, синоќа во Делчево беа доделени признанијата на најдобрите наставници и професори за 2019 година. Наградата за најдобар просветен работник на ниво на општина Делчево и припадна на професорката по биологија, Марина Синадиновска, која воедно е прогласена и за просветен работник на годината, во матичното училиште, гимназијата ,,Методи Митевски -Брицо“.
Наградата и беше доделена од страна Претседателството на здружението на просветни работници, од каде истакнаа дека се работи за професор со исклучителни успеси на полето на биологијата.
-Наградата за најдобар просветен работник се доделува за особени постигнувања во рамки на наставата, а Стојановска е токму таков професор. Во рамки на нејзиниот 13 годишен стаж, таа е учесник и во неколку значајни проекти како дел од воспитно-образовниот процес, но и надвор од него. Има учествувано во проект за подобрување на образовните можности за децата Роми, активно се вклучува во натпреварите кои ги организира Македонското Биолошко Друштво, на кои со учениците освојува голем број на награди. Оваа нејзина работа придонесе учениците од Делчево да учествуваат на Меѓународната олимпијада, која во 2020 ќе се одржи во Јапонија. Тука се и голем број на други вон наставни активности и затоа сметаме дека наградата замина во вистински раце, истакнаа од Здружението на просветни работници.
Останатите награди, во рамки на изборот за најдобар просветен работник ги добија Елизабета Џабирска, одделенски наставник во општинското основно училиште ,,Ванчо Прке”, како и наставникот по одделенска настава Ленче Стаменковска, која е најдобар просветен работник во ООУ „Св.Климент Охридски”.
Најдобрите просветни работници од своите работни организации добиваат награда од 3.000 денари, додека професорката Марина Синадиновска ќе добие парична награда и од страна на општина Делчево. Наградите, Здружението на просветни работници на Општина Делчево ги доделува врз основа на Правилникот за доделување на јавни признанија.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит