Доделени наградите на 14. Интернационален ФАД „Стоби 2015“
На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа беа доделени наградите на 14. Интернационален фестивал на Античка драма „Стоби 2015“, со што и фестивалот беше затворен.
Највисоката награда Гран при за најдобра претстава на фестивалот беше доделена на претставата „Електра“ на МНТ од Скопје. Воедно и режисерот на оваа претстава Андреј Жолдак во негово отсуство ја доби наградата за најдобра режија. Наградата за најдобра женска улога и беше доделена на Дарја Ризова за ликот на „Електра“ во истоимената претстава, додека наградата за најдобра машка улога ја доби и прими Селпи Керим од Турскиот театар од Скопје за ликот на Прометеј во истоимената претстава „Прометеј“.
Наградите статуетките Афродита и признанијата од името на организаторот на фестивалот - Општина Велес, им ги врачи велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.
При добивањет на наградата, на сцената актерот Селпи Керим пред присутните изјави дека е убаво чувството да се добие оваа престижна награда.
Во отсуство на режисерот Андреј Жолдак од Украина, кој моментално работи на нов проект во Германија, наградата во негово име ја прими неговиот асистент по режија Никола Кимовски. Тој пред присутните изјави дека е голема честа да се биде асистент на Андреј Жолдак. Воедно се заблагодари на организаторите на фестивалот, на велешката публика и жири комисијата.
- Кога денеска му кажав на Андреј за наградата беше пресреќен, бидејќи целиот процес на „Електра“ за него претставува голема пресвртница во неговата уметничка кариера. Воедно процесот на „Електра“ за него претставува ново уметничко достигнување во неговата кариера на што е посебно горд, истакна Кимовски цитирајќи ја изјавата на режисерот Андреј Жолдак.
Борче Нацев од МНТ од името на МНТ ја прими највисоката награда Гран при на ФАД „Стоби 2015“, во изјавата за МИА уште еднаш се заблагодари на организаторот за поканата за гостување на претставата „Електра“. И за одлуката на жирито за наградата и се заблагодари од името на целата актерска,техничка и продукциска екипа при МНТ од Скопје.
- Наградатае добредојдена и важна за претставата „Електра“ и за нашата куќа МНТ, воедно ни дава и поттик за уште подобри претстави. Интернационалниот Фестивал на Античка Драма „Стоби“ е фестивалот со голема традиција и за нас е достигнување да се земе награда на овој фестивал, потенцира Нацев.
Дарја Ризова која ја доби наградата за најодобра женска улога на фестивалот во претставата „Електра“ изјави дека после фестивалот „Војдан Чернодрински“ и Интернационалниот фестивал во Подгорица оваа и е трета голема награда на која се радува.
- Секако дека ова е голем успех за мене и целокупната актерска екипа. Подготовката за „Електра“ беше макотрпен физички и психички процес по 12 часа проби на ден. Плус да се работи со режисерот Андреј Жолдак кој бара многу труд и работа, но сето тоа се исплати и резаултатот е тука, потенцира Ризова.
Во чест на наградените Театарскиот ансамбл при велешкиот Народен театар ја изведе претставата „Крал Иби“ од Алфред Жари во режија на Андреј Цветановски.
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот