Доделени 35 конзерваторски лиценци
Нови 35 лиценци за конзервација на движно и недвижно културно наследство им беа врачени денеска на стручни лица кои со тоа стекнаа право за непосредна заштита на предмети и објекти. Со нив, вкупниот број на лиценцирани козерватори достигна 47.
Лиценците им ги врачи министерката Елизабета Канческа-Милевска која истакна дека во изминатите години меѓу приоритетите на Владата и Министерството за култура е ревитализација на културното наследство, истражување на голем број археолошки локалитети на кои беа пронајдени бројни артефакти од различни епохи кои беа соодветно заштитени и презентирани пред јавноста.
Додаде дека за таа цел се доекипира и стручниот кадар во националните институции кои се занимаваат со оваа дејност и дека од 2006 до 2015 година се вработени повеќе од сто археолози, архитекти, конзерватори.
- Од денеска 35 експерти ќе можат непречено да ги конзервираат и реставрираат врвните дострели на нашето ѕидно сликарство, вредните икони и другите сликарски дела, мозаиците, архитектонско и археолошко наследство на Македонија кое е материјална вистина за развојот на цивилизацијата на нашето тло. Доделувањето на конзерваторските лиценци е една од најголемите инвестиции во соодветната заштита и промоција на македонското културно наследство бидејќи само со стручен приод кон културно-историските вредности кои ги поседуваме, ние можеме да им обезбедиме долговечност на овие вредни културни добра и да ги сочуваме за идните генерации, како доказ за нашето потекло, за нашето историско траење, рече Канческа-Милевска.
Стручните лица кои добија лиценци учествувале во голем број капитални проекти за конзервација и реставрација на профани објекти, на живописот на сакрални објекти, меѓу кои црквите Св. Богородица Перивлепта и Св. Софија во Охрид, Св. Ѓорѓи во Курбиново, Шарената џамија во Тетово...
- Овие експерти го вложија својот ангажман и во реализацијата на над 400 елаборати за валоризација и повеќе од 300 проекти за ревалоризација на културното наследство, во археолошките истражувања на 25 локалитети, на кои голем број археолози првпат добија можност да работат на терен, посочи министерката за култура.
Конзерваторските лиценци се добиваат по исполнети критеруми, а кандидатите ги избира комисија.
- Со ова се намалува вакуумот на недостаток на стручен кадар. Се надевам дека лицата кои ги стекнаа лиценците ќе можат да го заштитат културното наследство и ќе помогнат да се зачува се што е вредно во нашата држава, рече Владо Муковски, еден од 35-те конзерватори кои денеска добија лиценца.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност