„Додека летавме почувствував мирис на гориво“ - Патнички авион се запалил веднаш по принудното слетување
Патнички авион на „Сингапур Ерлајнс“, што требаше да лета на својот редовен лет до Милано, бил зафатен со оган, веднаш откако леталото принудно атерирало на аеродромот во Сингапур.
Авионот „Боинг 777“ со 222 патници и 19 членови на екипажот, полетал рано утринава во 02:05 часот на пат за Италија, но по два часа летање, пилотот побарал и добил дозвола да се врати назад, откако јавил за проблеми со моторите.
Веднаш по слетувањето на сингапурскиот аеродром, еден од моторите се запалил предизвикувајќи пожар на десното крило на авионот.
Во соопштението на авионската компанија се вели дека никој од патниците и членовите на екипажот не настрадал и дека сите биле безбедно евакуирани.
Интервенирале противпожарните екипи кои за кусо време го изганале огнот, но засега не се знае обемот на штетата што е предизвикан.
Компанијата и полицијата отворија истрага за овој инцидент, а „Сингапур Ерлајнс“ за денеска попладнево организира нов лет за Милано.
Еден од патниците за локалните медиуми изјавил дека веќе по еден час летање во кабината се почувствувал мирис на гориво, но дека ниту тој, а ниту другите патници реагирале на миризбата.
Ново на Сител
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Британски суд осуди албански државјанин, кој извршил грабеж и во вилата на фудбалската ѕвезда, Рахим Стерлинг
-
Бомбата за Раде Штекли најавена на „тикток“ | ВИДЕО
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени