Доброште без поплавени куќи откако превентивно е срушен мостот
Градоначалникот на општина Теарце Исен Асани информира дека во селото Доброште нема поплавени куќи, иако се излеа реката Габровница – Доброшка река, откако во горниот дел од селото ноќеска е срушен мост. Тоа е направено во превентивна насока, за да може речната вода и наносите да не се излеваат и да не ги поплават околните куќи.
– Два дена по ред врнеше и водостојот беше голем. Во месноста Карабунар на Шар планина има уште снег и тоа се природните закони, така се создаде многу вода. Дадов наредба на две фирми со багери да се урне мостот во горниот дел од Доброште за да се спречи поплава поголема. Тоа се рабоптеше од 19 до 22 часот и да не направевме тоа кој знае што ќе се случеше. После 22 до 2 часот работевме на регионалниот пат Тетово-Јажинце но не можевме да спречиме излевање и се повлековме, изјави Исен Асани.
Проблеми како што рече имало и во Теарце, каде се излеала реката Бистрица.
-За среќа во Теарце во споредба со овде нема голема штета. Урната е само една плевна. Овде големи штети има на регионалниот пат Тетово-Јажинце, што воедно овие два дена сметам дека нема да може да се користи. Паднати се електрични столбови па некаде немаше и електрична енерегија, а се урна и една работилница на патото кон Одри, додаде Асани.
Во 2015 година реката Поника, која исто така поминува низ Доброште поплави десетици куќи во јужниот дел од селото.
Ново на Сител
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?