Добиток за Курбан Бајрам ќе се продава само сточниот пазар

Гостиварските локални власти решија оваа година за претстојниот муслимански празник Курбан Бајрам добиток да се продава на сточниот пазар. Продажбата на други локации е забранета и ќе биде санкционирана.
– Со цел да се зачува чистотата и да се стави ред во продажбата на курбани, Општина Гостивар во соработка со Претпријатието “Прогрес пазари”, како локација за продажба на бајрамските курбани го одреди Сточниот пазар кој се наоѓа во населба Фазанерија, наведуваат од службата за информирање.
Од локалната самоуправа нагласуваат дека сточарите и сопствениците на добиток дека локацијата може да се користи без надоместок и дека продажбата на други места е строго забранета. За да се почитува редот, општинската власт преку Комуналниот инспекторат ќе преземе соодветни мерки против прекршителите на законот за јавна чистота.
Вообичаено пред Курбан Бајрам, во Гостивар продажбата на овци, говеда и кози се вршеше на големиот градски пазар и по околните паркинзи. На неорганизирната продажба, претходно имаше поплаки поради лошата хигиена и блокирање на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
