-->
-->
Добар старт на Ѓоковиќ во Монако
-->

Ако денот се познава по утрото тогаш некогаш најдобриот тенисер на планеттата Новак Ѓоковиќ кој имаше одиграно само шест меча досега во 2018 според играта во 1. коло на турнирот во Монако е на вистински пат да се врати на старите позиции.
Во редок дуел со својот сонародник Душан Лајовиќ, Ѓоковиќ (кој мораше да игра прво коло на еден Мастерс турнир првпат од 2006), го „збриша“ противникот со 6:0/6:1 за само 56 минути за четврта победа оваа сезона и прва од третото коло на Австралија опен.
Ѓоковиќ беше солиден во сите аспекти на играта, спасувајќи ги четирите брејк топки и правејќи пет брејка за лесна победа и дуел во второто коло со Хрватот Борна Чориќ.
Ова беше 309. Мастерс 1000 победа за Ѓоковиќ, но вистинскиот тест следува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
