Доаѓаат телефони со неуништливи екрани: Доколку се скршат, само притиснувате на пукнатината и таа сама се поправа!
Јапонските научници претставија нов тип на стакло кое може да се поправи. Тоа би значело дека револуционерните нови екрани доведуваат до практично неуништливи дисплеи за мобилни телефони.
До ова интересно откритие дошло потполно случајно, кога еден јапонски матурант се обидел нешто да залепи.
Новото стакло од полимер можете лесно да го поправите со притисок на напукнатата површина. Доволно е да ги држите заедно скршените делови 30 секунди на температура од околу 21 степен за да се створи спој кој е во состојба да издржи терет од 300 грама, а за неколку часа се враќа во оригиналната цврстина.
Својството на ова стакло откриено е сосема случајно кога матурант припремал материјал како лепак. Тој рекол дека во почетокот не верувал на резултатите па така повеќе пати го повторил експериментот за да биде сигурен во пронајдокот.
- Се надевам дека самопоправливото стакло ќе стане нов еколошки материјал кој нема да се фрла веднаш ако се скрши, вели матурантот.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето